Изложба. 23-25.09. 2025.

Проект : „Ракотворни Корени – Зачувување на традицијата преку рачни изработки “

По повод завршувањето на летните работилници, дел од проектот “РАКОТВОРНИ КОРЕНИ “, се организираше тридневна изложба на изработките од учесниците во обуките, која се одржа во просториите на Домот на културата”Билјана Беличанец” познат и како Киноверзум- во Кисела Вода организирана од општината Кисела Вода.

Како дел од изложбата на традиционални ракотворби, одржана таму, имавме благослов да ги пречекаме децата од основните училишта во Општина Кисела Вода.

Со љубопитни очи и отворени срца, тие ја слушаа Игуманијата, ги допираа бројаниците, мирисаа рачно обликувани свеќи од восок, и се восхитуваа на рачно изработениот декупаж.
Ние – како здружение – искрено, љубовно и со благодарност им се израдувавме.

📿 „Кога децата ќе се допрат до тишината на молитвата и убавината на традицијата – верата ќе живее уште многу поколенија.“

 Споделуваме неколку моменти од оваа инспиративна средба.
 Благодарност до сите што придонесоа ова да се случи.

посети денес -

4

посети вчера -

11