проект - нишки на благодат. Оплеменување на керамички шолји и кадилници со контурни пасти и акрилни бои
Предавачи се сестрите при манастирот и Марија Магдалена Костовска
Создавањето дизајни за одеждите, поттикна во нас потреба за учење и проучување на иконописот, мозаиците, калиграфијата, фрескописот, ризниците со одежди, но и традиционалните, најчесто македонски, ткаени и везени ризи. Самото тоа во нас роди мал творечки поттик, чиј плод е оплеменувањето на керамички шолји и кадилници.
Оплеменувањето со контурни бои на керамички шолји и кадилници е уште еден скромен креативен обид да ја презентираме богатата ризница на фрескоживопис и црковната орнаментика како и автентичноста на шарите од носиите на народното творештво што ја твореле и ни ја оставиле во наследство со векови наназад нашите предци.