ПРОЕКТ – НИШКИ НА БЛАГОДАТ
Бројаницата во православната символика се смета за духовен меч, Божјо слово за непрестајна Исусова молитва која се состои од следните зборови: Господи Исусе Христе помилуј ме грешниот (грешната)! На секое топче од бројаницата оваа молитва се изговара посебно. Целта на молитвата е да го соедини човекот со Бога и да го исполни човековото срце со светлината на божествената благодат.
ПРОЕКТ – НИШКИ НА БЛАГОДАТ
Месењето просфори е дел од Светото Предание на Православната Црква кое се пренесува личносно. Затоа правилното месење просфори најдобро се учи од некој којшто веќе тоа го прави или пак во манастир.
ПРОЕКТ – НИШКИ НА БЛАГОДАТ
Оплеменувањето со контурни бои на керамички шолји и кадилници е уште еден скромен креативен обид да ја презентираме богатата ризница на фрескоживопис и црковната орнаментика како и автентичноста на шарите од носиите на народното творештво што ја твореле и ни ја оставиле во наследство со векови наназад нашите предци.
Целта -е планирано да се постигне – преку организирање на серија обуки за занаетчиски изработки, како и промотивен настан во форма на изложба на изработките на обучените лица.
Во исто време, проектот е очекувано да резултира со креирање на неформална мрежа и платформа за соработка меѓу учесниците на обуките за понатамошни заеднички продуктивни заложби и промотивни продажни активности.
Обуката ќе ја вршат монахињите – членки на сестринството при манастирот Успение на Пресвета Богородица– Матка, и од нив обучени соработници.
Локациски, обуките и настаните ќе се одвиваат во рамки на манастирот Успение на Пресвета Богородица– Матка