Се одржа и завршниот час од обуката и цртањето на кадилниците и чашите.
Дизајните се од мотиви од огромнато црковно православно наследство на фрески, икони, резба, мозаици, одејанија, богослужбени книги во ракопис. Секој се вложи себе, даде свој труд и белег во изработката на секој еден избран орнамент и е подготвен сосема самостојно да го пренесе и оплемени со контур пасти на керамика.
Вредно се подготвивме за една мала изложба.