Проект нишки на благодат 2024. Декупаж на керамика
Предавачи се сестрите при манастирот и Марија Магдалена Костовска
Декупаж е техника која се применува за украсување на предмети од дрво, порцелан, стакло и керамика со сечење и лепење на парчиња хартија со украсни мотиви. Се нарекува и техника за украсување со салфетки, бидејќи за украсување на предметите најчесто користиме салфетки со разни мотиви и шари. Покрај салфетки може да користиме специјална оризова хартија наменета за декупаж, исечоци од весници, фото хартија и сл.
Оваа уметност со векови се користи за разубавување на стари предмети што низ годините ја изгубиле својата убавина и сјај.
Самиот збор „декупаж“ потекнува од францускиот збор „decouper” што значи „сече“ или „намалува“. Се претпоставува дека оваа техника води потекло од Сибир и од таму преку Кина се пренесува во Европа, најнапред во Венеција и Фиренца, Италија во 17 век.