ПРОЕКТ-
МИНАТОТО ШТО ЖИВЕЕ
Бројаницата во православната символика се смета за духовен меч, Божјо слово за непрестајна Исусова молитва која се состои од следните зборови: Господи Исусе Христе помилуј ме грешниот (грешната)! На секое топче од бројаницата оваа молитва се изговара посебно. Целта на молитвата е да го соедини човекот со Бога и да го исполни човековото срце со светлината на божествената благодат.
ПРОЕКТ-
МИНАТОТО ШТО ЖИВЕЕ
Оплеменувањето со контурни бои на керамички шолји и кадилници е уште еден скромен креативен обид да ја презентираме богатата ризница на фрескоживопис и црковната орнаментика како и автентичноста на шарите од носиите на народното творештво што ја твореле и ни ја оставиле во наследство со векови наназад нашите предци.
ПРОЕКТ-
МИНАТОТО ШТО ЖИВЕЕ
Декупаж е техника која се применува за украсување на предмети од дрво, порцелан, стакло и керамика со сечење и лепење на парчиња хартија со украсни мотиви.
ПРОЕКТ-
МИНАТОТО ШТО ЖИВЕЕ
Везењето е уметност на украсување ткаенина со помош на игла и конец или предиво, која важи за лесно адаптивна текстилна занаетчиска техника, стара илјадници години.
ПРОЕКТ-
МИНАТОТО ШТО ЖИВЕЕ
Жената е таа која прва почнала да ги изработува првите предмети од глина, таа како главен кувар била приморана да најде решение и тоа без никаква пропратна алатка. Затоа творењето во глина со слободна рака се нарекува Женска керамика.
Целта -е планирано да се постигне – преку организирање на серија обуки за занаетчиски изработки, како и промотивен настан во форма на изложба на изработките на обучените лица.
Во исто време, проектот е очекувано да резултира со креирање на неформална мрежа и платформа за соработка меѓу учесниците на обуките за понатамошни заеднички продуктивни заложби и промотивни продажни активности.
Обуката ќе ја вршат монахињите – членки на сестринството при манастирот Успение на Пресвета Богородица– Матка, и од нив обучени соработници.
Локациски, обуките и настаните ќе се одвиваат во рамки на манастирот Успение на Пресвета Богородица– Матка