Обука за работа со глина
Предавачи се сестрите при манастирот
Грнчарството е еден од најстарите занаети во светот, се поврзува со почетоците на човештвото. Во почетокот кога сакал да подготвува храна, човекот стапил во потрага за садови погодни за готвење на храна, и така започнува приказната. Жената е таа која прва почнала да ги изработува првите предмети од глина, таа како главен кувар била приморана да најде решение - некаков сад за готвење, за да може да си олесни во подготовката на храна. За прв пат жената изработува садови од глина и ги создава предметите со слободна рака без никаква пропратна алатка и затоа творењето во глина со слободна рака се нарекува Женска керамика.