На промоцијата ќе се истакне значењето на книгата за личниот и духовен развој, како и нејзиниот придонес за афирмација на културното и религиозното наследство на нашиот град.
Целта -би ја постигнала самата книга со поуките и беседите на Архимандрит Ефрем Виноградов-Лакербаја- а преку проектот при кој се преведе, уреди, испечати и завршно истата ќе се презентира и подели.
На презентацијата за изборот и содржината на книгата, како и за самиот автор ќе говори уредникот на ова издание на книгата- „Не бој се малечко стадо“ на македонски јазик. Нејзиното значење и потреба за читателите ќе го истакне рецензентот кон македонското издание.
Литературното читање, со свој избор на извадоци од книгата ќе го збогатат самите први читатели, верниците и редовни посетители на манастирот Успение на Пресвета Богородица– Матка.