Корени од конец и боја- обука за везење на разделници
Предавачи се сестрите при манастирот
Везењето е уметност на украсување ткаенина со помош на игла и конец или предиво, која важи за лесно адаптивна текстилна занаетчиска техника, стара илјадници години. Вклучува техники како сатенски или прав бод, бод во ланец и француски јазли за создавање украсни дизајни (декорации) на облека или платно. Тоа е релаксирачка, креативна и достапна вештина, со која човек може да се занимава професионално или како хоби везејќи на рака или со машина.