ВЕСТМЕНТС-МАТКА Здружението е основано од сестринството при манастирот Успение на Пресвета Богородица– Матка и неколкумина ентузијасти, долгогодишни поддржувачи на манастирот. Монахињите, членки на сестринството, имаат богато искуство во занаетчиски изработки, логистичка и организациска можност за споделување и пренесување на своето искуство и вештини на заедницата. Тие се искусни кадри во занаетчиските изработки и во одржување на обуки за споделување на своите занаетчиски вештини.
Член на здружението може да биде секое заинтересирано (правно или физичко) лице кое доброволно и слободно ќе пристапи во членство, со потпишување на пристапната изјава.
Согласноста за членство во здружението, се потврдува со потпишана изјава. Членовите имаат права и обврски, согласно Статутот на здружението за афирмација и развој на одејанија и ракотворби -ВЕСТМЕНТС - МАТКА
По добивањето на вашите податоци, ќе ве побараме во најкус можен рок, за взаемно да ја потврдиме соработката.