03.10.2023 Цртање на кадилници

Проект - Нишки на Благодат

Во рамки на проектот, се одржа и вториот час од обуката за цртање. Се подготвуваа скиците со молив, и прилагодување на големината на цртежот во просторот на самите кадилници. На крај се изведуваат самите контурни линии со соодветни пасти во бои, со кои за првпат имаа можност да се запознаат учесниците во обуката.

Кадилиницте на кои се пали темјан, како молитвен принос на Бога, се оплеменуваат со соодветни црковни мотиви од богатата православна цркова ризница.
Основен мотив со кој отпочнавме со цртање е ѕвездата на Пресвета Богородица по пример на трите ѕвезди кои се иконописани на нејзината облека – една на челото, и две напред на рамената – уште на првата икона од Неа, од светиот апостол Лука.
Според Преданието, И ја покажал нацртаната икона и таа ги изговорила пророчките зборови- „Мојата душа Го велича Господа и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој“, и ја  благословила со зборовите -„Благодатта на мојот Син нека биде со оваа икона“.
Ѕвездата е иконописана на нејзината облека според Витлеемската ѕвезда која се појавила на небото и ги водела трите мудреци од различни страни кон Христа- Богомладенцот. Се иконописаат три Ѕвезди со нагласок на Нејзиното Приснодевство (Е Секогашдева) – Дева пред, за време, и по раѓањето на Господ Исус Христос.

Благодарност до сите за вложениот труд и учеството.

посети денес -

1

посети вчера -

2