Денес се одржа првата обука за правење на бројаници како дел од проектот Нишки на Благодат.
Обуката се одржа во просториите на Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка, и беше успешен почеток на нашата иницијатива за обучување и промоција на традиционалното изработување на бројаници.
Учесниците во обуката беа од различни возрасти и професии и се запознаа со историјата на бројаниците и различните техники и стилови на изработка .
Секој учесник имаше можност да создаде своја сопствена бројаница и да ја оформи според своите замисли и вештини.
Обуката за правење на бројаници беше не само образовна и интересна, туку и донесе позитивна енергија и инспирација за сите присутни. Ни претставува задоволство што имаме можност да го споделиме нашето знаење и да ја промовираме вредноста на традицијата на правење бројаници
Сакаме да изразиме благодарност кон сите учесници, и сите кои допринесоа за успешната реализација на обуката. Се надеваме дека ова е само прва од многуте обуки и настани кои ќе следат во иднина.
За повеќе информации и за да се вклучите во идните настани и обуки, контактирајте не.