Прва Обука за Правење на Бројаници 21.10.2023 Успешно Одржана

Проект - Нишки на Благодат

Денес се одржа првата обука за правење на бројаници како дел од проектот Нишки на Благодат.
Обуката се одржа во просториите на Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка, и беше успешен почеток на нашата иницијатива за обучување и промоција на традиционалното изработување на бројаници.
Учесниците во обуката беа од различни возрасти и професии и се запознаа со историјата на бројаниците и различните техники и стилови на изработка .
Секој учесник имаше можност да создаде своја сопствена бројаница и да ја оформи според своите замисли и вештини.
Обуката за правење на бројаници беше не само образовна и интересна, туку и донесе позитивна енергија и инспирација за сите присутни. Ни претставува задоволство  што имаме можност да го споделиме нашето знаење и да ја промовираме вредноста на традицијата на правење бројаници
Сакаме да изразиме благодарност кон сите учесници,  и сите кои допринесоа за успешната реализација на обуката. Се надеваме дека ова е само прва од многуте обуки и настани кои ќе следат во иднина.
За повеќе информации и за да се вклучите во идните настани и обуки, контактирајте не.

посети денес -

4

посети вчера -

7