Манастир Матка - Изложба на ракотворби 16.12.2023 (13 - 15ч)

Проект - Нишки на Благодат

Со вчерашниот ден го завршивме и последниот час од циклусот на обуки во склоп на проектот Нишки на благодат.

Исплетовме нешто повеќе од нишки – заедно создадовме дела исплетени со срце и раце.

Благодарение на ангажираноста и посветеноста на сите учесници, успешно завршивме со плетењето на бројаници, цртањето на кадилници и шољи како и месење на просфори и панагии.

Во текот на обуките, спонтано се обликуваше едно меѓусебно растење каде што секој учесник не само што усвојуваше нови техники и вештини, туку и допринесуваше со својата уметничка енергија, креативност и љубов кон процесот на изработка.
Гледавме како секој еден од групата наоѓа инспирација и поттик во делата на другите, како личниот растеж и надградување не се плод само на новите уметнички вештини кои ги стекнавме, туку, пред се на взаемно давање и примање на љубов и поддршка помеѓу секој еден од учесниците.
Преку духовно споделување и меѓусебно растење, се создадоа врски кои ќе траат понатаму, надживувајќи го времето и просторот.
Ни беше чест и задоволство што во духот на взаемна поддршка и заедништво споделивме искуство едни со други и се надеваме дека успеавме да ви го пренесеме духот и љубовта што ги вложуваме во секоја наша творба.

За да го заокружиме ова прекрасно дружење, завршувањето со обуките, а како круна на вашиот труд и посветеност, планираме да организираме скромна продажна изложба на 16-ти декември во просториите на Манастирот.

Со оваа изложба сакаме да покажеме дека преку нашите творби, го продолжуваме патот на предците, го чуваме духот на нашата традиција и го воведуваме во современиот свет. Зачувувањето на традицијата не е само чин на одржување, туку и на претварање на старото во нешто ново и иновативно.
На оваа скромна изложба ќе имате можност да ги покажете вашите креации пред другите. Посетителите ќе можат да ја доживеат вистинската вредност и убавина на вашиот труд, а вие ќе го споделите вашето искуство со заедницата.

Со нетрпение го очекуваме декемвриското изложување како момент на заедничко прославување на вашиот труд.
Добредојдени се сите ! 🌟🎨

посети денес -

5

посети вчера -

1